ООУ „Његош“ - ЈурумлериСкопје, 2024„Со нови сили, нови победи.“Училишен весник
УЧИЛИШЕН ВЕСНИКПОЧИТУВАНИ НАШИ ЧИТАТЕЛИУчилишниот весник е составен со цел:Информирање за работата на училиштетосо сите нејзини активности, значајни моментикои ја одбележија учебната година, а воедно оставаат значаен белег за нашето постоењениз годините што следат.ООУ „ЊЕГОШ“ - ЈУРУМЛЕРИРедакција:Одговорни уредници:Тијана Величковска ТодоровскаСтефани ИлиевскаУредник на текст:Ивана Доневска ЛалевскаФотографија:Катерина Стефановска Се надеваме дека ќе пронајдете интересни ипоучни содржини кои ќе го задржат вашето внимение.2
ИСТОРИЈАТ ЗА ПАТРОНОТПРВ УЧИЛИШЕН ДЕНПАТРОНАТНОВОГОДИШЕН БАЗАРМЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈААПРИЛИЈАДАОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРАЗНИЦИЛИТЕРАТУРНО КАТЧЕЕКОЛОШКО КАТЧЕ НАТПРЕВАРИЛЕТЕН КАМПИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРСОВЕТИ ОД ПЕДАГОГ И ПСИХОЛОГСОДРЖИНА4568101214161820222426273
Историјат на училиштетоООУ „Његош“- Јурумлери е формирано 1953 година, како основно училиште, кое образувало деца до четвртоодделение. Во почетокот училиштето работело само во старата зграда. Од 1973 година, училиштето располага со две крила, од кои во едното се следи одделенска, а во другото, во кабинети се изведува предметна настава.Денес ООУ„Његош“- Јурумлери има статус на јавна установа чија основна дејност е воспитание и образованиена деца, ученици од I-IX одделение и ги опфаќа ученицитеод територијата на Гоце Делчев, Дунек, Јурумлери, Колонија Идризово, с.Идризово, Дрма.Структурата на наставниот кадар сеподобрува од година во година, а наставата се изведува во кабинетиопремени со аудио-визуелни средства.Живиот збор на наставникот се почестосе заменува со нагледност, слика на екран, податоци од компјутер, самоистражувачка работа, самостојно учење, описно оценување, модернизација во воспитно- образовниотпроцес и сл.Училиштето располага со училишна библиотека чиј фонд секоја година се збогатува со лектирниизданија за учениците, но и помошна литература за наставниците.Во ООУ „Његош“- Јурумлери, досега со основно образование се стекнале над 12.000 ученици, од кои голем дел се успешни во своите професии.4
5За патронотПетар II Петровиќ Његош (Његуши, 13 ноември 1813 – Цетиње, 31 октомври 1851), бил владика и владетел на Црна Гора од династијата Петровиќ-Његош, тој е еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност.Еден од неговите учители, придонел кај владиката Петар да се појави љубовтакон народната поезија, а го поттикнал и кон пишување.Во последните седум години од својот живот, тој ги создал своите три главни дела: „Луча микрокозма“, „Горски венец“ и „Лажниот цар Шќепан Мали“.„ Силни заби и тврд орев кршат, Добра сабја топуз пресекува, А камо ли една кревка зелка. “ – Горски Венец, Петар Петровиќ ЊегошНа 13-ти ноември денот на патронот од нашето училиште,свечено се одбележува со посебна програма. Започнува со полагање на цвеќе пред споменикот на патронот во училишниот двор, се организираат активности (рецитали,ликовни изложби, турнири и сл.), празнувањето продолжувасо свечена приредба која ја подготвуваат учениците заедно со наставниот кадар во чест на патрониот празник на нашетоучилиште “Његош ”.Петар II Петровиќ Његош
Децата на првиот училишен ден му придаваат големо значење и го доживуваат со многу возбуда. Нашето училиште за да гизапознае првачињата со патот по кој треба да чекорат секогаш прекупесна и игра им ја отвараучилишната врата. 6Прв училишен ден
Секоја година училиштето организира свечен прием на првачиња и запознавање со нивната наставничка која во идните години ќе им го пренесе целото свое знаење.7
2Патронат Оваа година денот на училиштето прослави 70 години од своето постоење, беше одбележан на тема: „Традиција - негувам, чувам, почитувам“, на патронатот присуствуваше градоначалникот на општина Гази Баба – Бобан Стефковски.„Традиција - негувам, чувам, почитувам“„ Како што е дрвото со коренот врзано за земјата, така секој народ е врзан со своите и верувањата на своите предци. Традицијата е сведок за нашето постоење и нашите корени таа ги содржи сите елементи на една култура која се темели на своите вековити обичаи. Традицијата не сплотува и обединува, таа е скапоцен камен во круната на еден народ. Токму традицијата е таа која што не поврзува со минатото и не води кон иднината.“8
9
Традиционално, како и секојагодина така и оваа,учениците од ООУ ,,Његош", по повод новогодишните празници, во фискултурнатасала на училиштето организираа базар.На ,,Новогодишен базар" беа изложени новогодишни изработки изработени од страна на учениците. Новогодишенбазар10
11
Меѓуетничка интеграција со партнер училиште ,,ООУ Наум Охридски"- Булачани.На 06.03.2024 година во соработка со партнер училиштето ООУ„Наум Охридски“ Булачани по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март, беше реализиран МИО проект - онлајн. Меѓуетничка интеграција 12
8-ми мартУчениците од 3-то одделение заедно со нивните одделенски раководители имаа можност да се дружат, забавуваат и да изработуваат честитки.8ми Март е светски празник, ден кога се одбележува Меѓународниот ден на жената. Во чест на сите припаднички од женскиот пол, како мајки, баби, сестри..., им ги посветуваме овие страни за овој значаен ден.МИО проектот е со своја единствена цел која значи подобрување на меѓуетничката интеграција спроведена преку позитивни интеракции помеѓу етничко мешана младина, за подобрување на содржините во образованието и вештините кај учениците.13
8-ми мартАприлијадаТрадиционално и оваа година по повод Денот на шегата, нашето училиште организираше Априлијада за своите ученици.14
Априлијадата имаше натпреварувачки карактер,а најдобрите маски беа наградени.Избор за најдобра маскаСумеја Кукаќи - 2в - маска: порцеланска куклаМихаил Стојчевски - 4а - маска: партизанВедран Тодоровски - 1а - маска: алигатор8ми Март е светски празник, ден кога се одбележува Меѓународниот ден на жената. Во чест на сите припаднички од женскиот пол, како мајки, баби, сестри..., им ги посветуваме овие страни за овој значаен ден.15
Одбележување на празнициПо повод празникот Рамазан Бајрам, одделенските наставници од 1-во до 5-то одделение заедно со своите ученици, изработија честитки и картички кои потоа ги подарија на учениците кои го празнуваат празникот. Воедно, учениците имаа можност да следат презентација од одделенскиот наставник Фатмире Подграѓа којашто ги запозна со традициите и обичаите поврзани со празникотРамазан Бајрам.Рамазан Бајрам16
По повод верскиот празник Велигден, во нашето училиште се одржа ,,Велигденски Базар" во чија подготовка учествуваа учениците заедно со своите наставници. На базарот беа изложени различни и многубројни, рачно изработени предмети и украси, со велигденски мотиви, изработени од страна на учениците и нивните наставници, како и секакви видови домашни печива, коишто традиционално се подготвуваат за најголемиот христијански празник Велигден.Велигден17
ЛИТЕРАТУРНОКАТЧЕ152 Години од раѓањето на Гоце ДелчевПо повод 152 години од раѓањето на Гоце Делчев, учениците од нашето училиште изработија разни видови цртежи и песни за да го одбележат роденденот на Апостолот на македонското револуционерно движење за ослободување од турското ропство.По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците од нашето училиште го одбележаа со низа активности. Тие твореа литературни творби на мајчин јазик негувајќи ја почитта и аманетот на својот јазик.Сакајќи си го својот јазик, ќе ги сакаме и почитуваме и другите јазици!Меѓународен ден на мајчиниот јазик18
ЛИТЕРАТУРНОКАТЧЕПоезијата е онаа тенка пајажина помеѓу срцето и мозокот, кажал одамна вљубениот поет. А, секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на Светскиот ден на поезијата. Нашите ученици го одбележаа денот на поезијата со рецитал на поезија по македонски, англиски, француски и албански јазик. Воедно, учениците преку разни изработки го одбележаа и Денот на Франкофонијата.Светски ден на поезијатаСветски ден на книгата и авторското правоВо светот секоја година се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 Април кој е симболичен датум во светската литература. Тоа е датумот на кој починаа неколку истакнати автори во светот како што се: William Shakespeare, Miguel de Cervant-es, Inca Garcilaso de la Vega. Овој датум бил одреден за да им се оддаде почит ширум светот на книгите и авторите, охрабрувајќи ги сите да пристапат до книгите.На овој ден се изразува нашата почит кон творештвото и литературната традиција која ги поставила темелите на светската книжевност. 19
ЛИТЕРАТУРНОКАТЧЕЕКОЛОШКО КАТЧЕДенот на екологијата и пролеттаПо повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште, сите ученици беа активно вклучени во еколошката акција за естетско уредување на училишниот двор, преку садење на цвеќиња и борови дрва, чистење на дворот и фарбање на летниковецот. Исто така, дел од нашите ученици заедно со учениците од останатите општински училишта на територија на општина Гази Баба учествуваа на традиционалниот марш под мотото "Пешачиме за мир, соживот и толеранција" и засадија борови дрва.20
Светски ден на животната срединаДенес во Парк шумата Гази Баба учениците од нашето училиште го одбележаа Светскиот ден на животната средина. Беа засадени 50 багремови садници обезбедени во рамките на проектот “Со екологизам против насилен екстремизам” кој општината го спроведуваше заедно со “Флоразон” во сите основни училишта на територија на Општина Гази Баба. Исто така, учениците учествуваа и во Еколошкиот конкурс “ Денови на пролетта - Денови на екологијата”. 21
По повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште, сите ученици беа активно вклучени во еколошката акција за естетско уредување на училишниот двор, преку садење на цвеќиња и борови дрва, чистење на дворот и фарбање на летниковецот. Исто така, дел од нашите ученици заедно со учениците од останатите општински училишта на територија на општина Гази Баба учествуваа на традиционалниот марш под мотото "Пешачиме за мир, соживот и толеранција" и засадија борови дрва.НатпревариРегионален натпревар по француски јазикНа Регионалниот натпревар по француски јазик - Олимпијади 2024 од ООУ"Његош" под менторство на наставничката Данијела Величковска зедоа учество ученичките Ангела Ивановска од VIIIа одделение, Милена Ивановска и Нина Додевска од IXб одделение при што успешно го претставија нашето училиште. Во категоријата VIII одделение ученичката Ангела Ивановска освои II место и пласман на Државен натпревар.Во категоријата IX одделение ученичката Милена Ивановска со освоено IV место и пласман на Државен натпревар.Во категоријата IX одделение на ученичката Нина Додевска и беше доделен сертификат за успешно учество на Државниот натпревар по француски јазик.Општински натпревар по прва помошУчениците од нашето училиште учествуваа во Општинскиот натпревар по прва помош кој беше организиран од страна на Црвен крст – Гази Баба. На натпреварот беа поставени шест штанда со повредени лица на кои учениците укажуваа прва помош.Нашиот тим во состав на учениците: Милена Ивановска, Нина Додевска, Теодора Димковска, Ангела Ивановска, Петар Јованоски и Мила Трајковска, под менторство на наставничката Стефани Илиевска, го освои петтото место со 530 бода. На натпреварот учествуваа 15 екипи.Државен натпревар по атлетика за основните училиштаНа државниот натпревар по атлетика за основните училишта од Република Северна Македонија, нашата ученичка од 8б Сандра Илиевска трчаше за ООУ Његош во две дисциплини во далечина од 100м каде што го освои 2- то место и во далечина од 300м каде што го освои 1- то место.22
Општински натпревар по атлетикаНа атлетските борилишта во дворот на општинското основно училиште Наум Наумовски Борче се оддржаа атлетски натпревари помеѓу учениците од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.Учениците од нашето училиште : Максим Дошев од 9а го освои второто место во атлетика во 100 метри мажи за 9-то одделение Никола Божиновски од 8б го освои третото место во атлетика во 100 метри мажи за 8-мо одделениeОпштински турнир во тенисУченикот Давор Велинов од 7а одделение го освои третото место на натпреварот по тенис.Ученичката Ева Јовановска од 7б одделение го освои третото место на натпреварот по тенис.ФутсалТимот од нашето училиште го освои третото место во категоријата футсал.23Ученичката Милена Ивановска од 9-б успеа да го освои второто место на државниот натпревар по предметот биологија.Државен натпревар по биологија
Летен кампВо периодот од 19.06 до 25.06 учениците од нашето училиште имаа можност да присуствуваат на училишниот летен камп кој се одржа во Лептокарија –Грција. Овој проект е реализиран во соработка со општинскиот Сојуз за училиштен спорт – Гази Баба.Учениците за време на престојот на кампот имаат можност да спортуваат, рекреираат, а најважно од се е можноста да се забавуваат и другаруваат помеѓу себе, a еден дел од кампот за учениците е и едукативен.24
25
Интервју со директорИнтервју со директорката Анета Цветкова од страна на учениците од 9-то одделениеКако најважна функција во училиштето, за успешно менаџирање и водење на истото, во првиот број на списанието ја одбравме Директорката на училиштето да биде таа која ќе одговори на љубопитноста на учениците за нејзините обврски и активности. Во прилог се прашањата и одговорите направени во интервјуто со директорката.Дали е тешко да бидете одговорни за цело училиште и кои од обврските ви се најтешки?-Раководењето со една воспитно-образовна институција е многу комплексна работа. Најмногу внимание се посветува на работата со човечки ресурси. Да се поттикне најдоброто кај нив, да се извлече максимумот од тимот како целина, навреме да се согледаат заканите во опкружувањето и да се применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени.Каква средина претставува училиштето за учениците?-Училиштето претставува позитивна средина кое го чувствуваат како втор дом, место каде што можат да ги искажат своите проблеми. Нашето училиште им нуди позитивна клима, училиште кое што е спремно да одговори на нивните потреби како во воспитниот така и во образовниот процес.Како мислите во иднина да делувате за подобрување на работењето на училиштето?-Преку воспоставување на позитивна клима за работа во училиштето со вработените, учениците, родителите потоа со подобрување на инфраструктурни капацитети и набавка на нагледни средства и вклучување на локалниот бизнис сектор.Голема благодарност до сите вработени во нашето училиште за досегашната посветеност кон остварување на својот професионален и институционален раст и развој. Само сложно и тимски до поголеми успеси!26
Совети од педагог и психологВо нашето училиште има место каде што вратата секогаш е отворена за сите ученици, место каде учениците чувствуваат сигурност, доверба, еднаквост,место каде може да ги изразат своите емоции, да ги споделат своите позитивни и негативни страни. Тоа место е катчето на нашите стручни соработници, педагогот Ивана Петровска и психологот Александра Донева. Од тоа место- катче ви пренесуваме неколку совети кои применувајќи ги би ви помогнало во справување со своите чувства и би се чувствувале поубаво.Научете ги своите права, но и вашите обврски.За да ви биде квалитетно исполнето времето, потрудете се да го исполните со различни активности како: читање, слушање музика, пишување дневник...Нема ништо поубаво од интерактивна дружба со другарчиња, затоа потрудете се помалку да седите на социјалните мрежи, оставете ги мобилните од раце и договорете се да се дружите!27